Рецепт за пролетни кифлички кои се топат во устата: Се полнат со зеленчук и месо и брзо се готови

Јадењата со месо и зеленчук се омилена комбинација за многумина, бидејќи се заситувачки и многу вкусни.

Пролетните кифлички се токму такво јадење кое ќе ве воодушеви со нивниот вкус и брзината со која ќе ги направите.

Состојки:

10 кори за пита

350 грама мелено месо

1 морков

1 главица кромид

2 лажици соја сос

150 грама слатка пченка

200 грама зелка

сол, бибер

1 јајце

сол

Подготовка:

Истурете го маслото во тавата да се загрее, а потоа додадете го ситно исечканиот кромид да се динста.

Додадете месо, соја сос и зачини.

Кога местото ќе биде готово, додадете рендан морков, рендана зелка и пченка, па сè пропржете уште неколку минути.

Корите исечете ги на ленти долги 30 сантиметри и широки 10 сантиметри, а потоа рабовите на кората премачкајте ги со изматено јајце.

Наполнете ги корите со фил, па превиткајте ги, па свиткајте ги во ролати.

На длабоко загреано масло пржете ги кифличките по две минути од секоја страна.

И ставете ги на хартија за да се впие вишокот маснотии.