Рецепт за слатка зелка од поранешна Југославија: Вака ја подготвуваше секое домаќинство

Секој од нас има сеќавање на едно детско јадење кое било популарно во стара Југославија. Една од нив е слатката зелка без месо по рецептот кој ќе ви го презентираме сега.

ПОТРЕВНИ СОСТОЈКИ:

1 зелка;

1 чаша цедени домати;

1 главица кромид;

2 моркови;

свеж магдонос;

сол и 2 чешниња лук.

Запршка:

половина лажица брашно; малку масло цевен пипер и лута пиперка.

Подготовка:

Морковот и кромидот ситно се сечкаат и се пржат во тавче со малку масло. Исечете ја зелката и додадете ја во тавата. Истурете вода и оставете да се вари околу половина час. Додадете ги доматите од шишето. Додадете сол. Во тавче ставете малку масло и половина лажица брашно и пропржете. Додадете црвен пипер и малку лута пиперка по желба и со неа пропржете ја зелката. Нежно промешајте.

На крајот додадете лист магдонос.