Пристигна сезоната на јагоди. Ви пренесуваме рецепт за вкусен десерт кој за кратко време ќе исчезне од трпезата.
Состојки за тирамису со јагоди:
300 гр пандишпан
200 гр јагоди
70 гр шеќер во прав
300 гр маскарпоне
2 дл слатка павлака
3 dl црно кафе
Тирамису со јагоди – подготовка:
Јагодите исчистете ги, измијте ги и исечете ги на тенки парчиња. Изматете ја слатката павлака во шлагот. Маскарпонето се мати со миксер и се додава шеќер, па се меша уште малку. Потоа со рака измешајте го шлагот во маскарпоне. Подгответе правоаголен сад по избор (огноотпорен, керамички, лимен…) во кој ќе ги ставите состојките.
На дното на садот ставете слој бисквити кои претходно накратко сте ги натопиле од секоја страна во смесата со кафе . Потоа намачкајте половина од кремот маскарпоне и шлагот. На тој слој наредете ги исечените јагоди. Потоа уште еден слој пандишпан проследен со втората половина од кремот. На крајот, можете да просеете малку какао во прав или да изрендате темно чоколадо над тирамисуто, но можете да го послужите и без овој додаток.