И Грците имаат своја верзија на прoja
Доколку барате добар и поинаков рецепт за проја , грчката верзија на овој пченкарен леб е мека и внатре, а однадвор крцкава.
Тајната е во зеленчукот кој се додава во тестото за да биде сочно и меко, а зачините и фета му даваат карактеристичен грчки вкус.
Време на подготовка:
45 минути
Состојки:
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша пченично брашно
2 лажички прашок за пециво
2 јајца
1 чаша јогурт
120 гр путер
2 супени лажици маслиново масло
1 мала тиквичка
200 гр фета
мајчина душица
Подготовка
- Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени. Во еден сад измешајте ги сите суви состојки, а во друг маслото, јогуртот и растопениот путер.
- Се мешаат двете смеси и се додаваат ренданите тиквички и сечканата фета. Добро измешајте, истурете ја смесата во подмачкана тава, израмнете и посипете со мајчина душица.
- Печете најмалку 35 минути се додека чепкалка за заби вметната во центарот не излезе сува. Се лади на собна температура и се сече на триаголници, така што Грците го служат.
Добар апетит!