Над 2.000 луѓе загинаа, а голем број исчезнаа во разорниот земјотрес во Турција, вклучувајќи го и речиси целиот одбојкарски тим.
Станува збор за женската одбојкарска репрезентација на Хатај, а веста за нивното исчезнување под урнатините заедно со апел за помош на социјалните мрежи ја испрати турска одбојкарка, а ја пренесоа и тамошните медиуми.
Турскиот весник „Хуријет“ наведува дека се работи за урната зграда во која живееле заедно, а за нивната состојба не се наведува ништо, додека под урнатините се и меѓу 30 и 40 репрезентативци во борење.
Се бараат и играчите на одбојкарскиот второлигаш Мараспор, а секоја минута пристигнуваат лоши вести и се зголемува бројот на жртви.