Речиси 17.500 жртви на израелските напади во Појасот Газа

– Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се зголеми на 17.483, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство на палестинската енклава.

Како што наведе, 70 отсто од убиените се жени и деца, јави турската Си-Ен-Ен.

Бројот на ранети во израелските напади, кои почнаа пред 63 дена, достигна 46 илјади, соопшти Министерството за здравство на Појасот Газа, додавајќи дека под урнатините има уште многу луѓе, по кои потрагата продолжува.