РЕШЕНА ГОЛЕМАТА ‘МИСТЕРИЈА’ – Разрешен ‘исчезнатиот’ министерот за надворешни работи на Кина – Пекинг по еден месец молк го ‘скрши мразот’ – ова е наследникот

Чин Ганг, министерот за надворешни работи на Кина, кој не е забележан и виден во јавноста од месец јуни, е сменет на функцијата министер за надворешни работи на земјата.

Ова денес го соопшти и потврди кинеската државна телевизија CCTV.

Кинеските медиуми известуваат дека ненадејната најава за смена на Чин Ганг од функцијата следела по неколкунеделни шпекулации за неговата судбина.

Се вели дека темата за исчезнувањето на Чин Ганг од јавниот живот на Кина доминирала во политичките дискусии во таа земја и се претворила во една од најголемите кризи со кои се соочил кинескиот претседател Си Џинпинг откако го започна својот трет мандат на чело на земјата минатата година, што никој досега претходно во историјата тоа не го направил.

Во кратката најава за промената, CCTV известува дека нов министер за надворешни работи ќе биде Ванг Ји, кој беше на чело на Министерството за надворешни работи на Кина речиси една деценија пред именувањето на Чин Ганг за министер.

Во меѓувреме, Ванг Ји имаше повисока позиција од Чин Ганг, бидејќи беше директор на Канцеларијата на Централниот комитет за надворешни работи на Комунистичката партија на Кина.