ВИДЕО | УЖАСНА НЕСРЕЌА ВО ГРЦИЈА – Противпожарен авион кој се борел со оганот се урнал во истиот – камерите го уловиле страшниот момент, погледнете!

Противпожарен авион „Канадер“ кој водел „битка“ со пожарот кој беснее на грчкиот остров Евбеја се урнал на земја и експлодирал. Според видео-снимките објавени од грчките медиуми, се чини дека авионот удрил во дрво, изгубил контрола и се урнал. 

Соседните медиуми известуваат дека хеликоптер за итни случаи на Грција е на пат кон местото на несреќата за да ја процени ситуацијата.

Грчките пожарникари денес веќе седми ден по ред се борат со шумските пожари на Родос, а стотиците туристи кои претходните денови беа евакуирани од островот треба да се вратат во своите земји со авиони.

Околу 20.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови и хотели на Родос за време на викендот, бидејќи пеколот што започна со пожари пред една недела се прошири на крајбрежните одморалишта, откако пожарот изгоре големи површини и оштети и уништи згради.

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека е активирано кризното управување за евакуација на странски државјани, а во понеделникот повеќе од 2.000 странски туристи со авион се вратиле дома.

Се очекува денес голем број странци да ја напуштат Грција на специјални линии, а туристичките агенции ги откажаа планираните патувања.

Грција често е погодена од пожари во летните месеци, но климатските промени придонесоа за се поекстремни топлотни бранови низ југот на Европа, а се зголемуваат и стравувањата дека туристите ќе ги заобиколат овие дестинации.

Стотици пожарникари со помош на екипи од Турција и Словачка се обидуваат да ги скротат пожарите кои беснеат во близина на селата Генади и Вати на југоисточниот дел на островот Родос, а жештините и ветровите ја отежнуваат ситуацијата.

Горат и островот Крф и островот Евија, недалеку од Атина.

Пожарите повторно се активираа низ целата земја, но засега нема закана за населените места“, изјавил припадник на противпожарната служба за соседните медиуми.

За потсетување, грчките острови се популарни туристички дестинации, особено за Германците и Британците.

Грција во последните недели ја погодија многу високи температури, а од среда се очекува живата во термометрите да се искачи над 44 Целзиусови степени.

Денес, цивилната заштита предупредува на исклучително висок ризик од пожар на Родос и Крит.