Реџепи: Министерствата да го почитуваат степенот на развиеност на планските региони, кога издвојуваат средства

Ревизорскиот извештај утврди дека нема ист регионален развој за осумте плански региони, односно најголем дел од средствата завршуваат во Скопскиот плански регион, а најмалку во Источниот планскиот регион. Директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи истакна дека е добро што ја има ова забелешки, со цел какошто вели оваа дилема да се отстрани.

-Ова утврдување на ревизорот е токму за другите ресорни министерства, а ние инсистираме како Биро, кое сега ќе се трансформира во Агенција за да процентот на развиеност, односно средствата коишто треба да се доделат на ниво на државата е да се почитува степенот на развиеноста. Значи ние како Биро и Министерството за локална самоуправа секогаш бараме ресорните министерства тој процент на развиеност да го почитуваат, вели Реџепи.

Посочи дека со трансформацијата на Бирото за регионален развој во Агенција ваквите проблеми ќе бидат надминати. Прашан со новиот попис според бројот на жители  два региони  се надвор од границата да опстојат, дали тоа ќе значи намалување на бројот на регионите или ќе има помалку проекти и пари за регионите кои имаат помал број на жители, Реџепи со одговор дека проблем има со два плански региони.

-Според последниот попис имаме помал број на жителите во два региони, односно според разделбата на планските региони, тоа е веќе политичко прашање, вели Реџепи.

Забележа дека по ова прашање сите политички чинители во земјава треба да ја разгледат оваа информација и да донесат одлука дали ќе има нова распределба на планските региони.