Рибари заглавени на пуст остров: По 7 дена го забележале овој знак

Живееле како „модерни Робинзони“ јаделе кокос

Тројца рибари поминале една недела на островот Пикелот, кој припаѓа на сојузните држави на Микронезија .

Отишле на велигденска експедиција, но бродот им се расипал, по што завршиле на ненаселено парче земја, покриена со палми.

Рибарите тргнале од островот Полуват, на околу 185 километри од местото каде што биле пронајдени. Нивниот брод, традиционален чамец, имал еден мотор кој пукнал, пренесува The Guardian.

Додека живееле како „модерни Робинзони“ јаделе кокос и пиеле вода од бунар (ископани за микронезиските рибари кои повремено доаѓаат на островот).

За да го привлечат вниманието на спасувачите, тие на плажата го напишале зборот „Помош“, користејќи листови од палми.

Очекувано, беше организирана потрага откако загрижените роднини ја контактирале крајбрежната стража. Споменатата порака ја забележал пилотот на извидувачкиот авион П-8А.

Потоа, екипажот на спасувачкиот авион HC-130J фрли радио станица и пакет со храна на островот.

Претставниците на крајбрежната стража истакнуваат дека без напишаната порака „Помош“ немаше да ги забележат тројцата рибари .

„Ова е извонреден приказ на волјата што треба да се најде. Пораката беше клучен фактор за нивно пронаоѓање “, рекол поручник Челзи Гарсија.

Во интересен пресврт, излегува дека еден од спасувачите кои слетале на островот е всушност роднина на рибар кој го знаел нивниот јазик.