Латиноамериканскиот пејач Рики Мартин ретко ги споделува своите семејни фотографии со јавноста, но сега реши да направи исклучок.
По долго време покажа еден од неговите близнаци, 14-годишниот Валентин.
„Тој веќе не е бебе. Мојот син Тино, 14 години“, напиша тој покрај фотографијата од момчето.
„Не е можно, па вчера имаше бебиња“, „Како лета времето“, „Ќе биде прекрасен човек“, „Прекрасен е“. „Тој е ист како тебе“, беа коментарите под објавата.
Инаку, Рики ги доби близнаците Матео и Валентино со помош на сурогат мајка, а пејачот за шпанското издание на Vanity Fair изјави дека ќе го даде животот за ангел како неговата сурогат мајка бидејќи таа му го дала најголемиот благослов во светот.
Неколку години подоцна, во 2014 година, Рики се вљубил во својот сегашен партнер Џван Јосеф со кој се оженил две години подоцна и има уште две деца, ќерката Лусија Мартин Јосеф и синот Рен Мартин Јосеф.
Потсетуваме, познатиот пејач со години беше тивкото страдање на жените ширум светот, но во 2010 година на сите им ги скрши срцата објавувајќи на својата официјална страница дека е „среќен геј“.