Рики Мартин по шест години се разведува од сопругот

Рики и Џаван ја имаат ќерката Лусија, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година

Рики Мартин и Џван Јосеф се разведуваат по шест години брак.

-Решивме да го завршиме нашиот брак во љубов, почит и достоинство кон нашите деца, почитувајќи го сето она што сме го доживеале како пар сите овие години. Наша најголема желба е да продолжиме да имаме здрава семејна динамика и врска заснована на мир и пријателство, да продолжиме заедно да ги воспитуваме нашите деца, зачувувајќи ја почитта и љубовта што ја имаме еден кон друг – се вели во изјавата на парот за „Пипл“.

Рики и Џаван ја имаат ќерката Луција, родена во 2018 година и синот Рено, роден во 2019 година.

Во 2008 година, Мартин ги имаше близнаците Матео и Валентино, кои продолжи да ги одгледува како самохран родител.