Поранешниот бразилски фудбалер Робињо, кој беше осуден на девет години затвор за групно силување во Италија, и неговиот правен тим смислија начин како да се обидат да излезат од затвор.
Робињо е 11 месеци затворен во затворот Тремембе во Сао Паоло, откако беше осуден за групно силување извршено во 2013 година. Поранешниот фудбалер се криел во Бразил, а бидејќи двете земји немале договор за екстрадиција, тој живеел мирно долго по пресудата.
Сепак, тој заврши во затвор, но заедно со неговиот адвокатски тим сега смисли начин како да се обиде да ја избегне целосната казна.
Како што пренесува бразилски Глобо, адвокатите на Робињо официјално побарале преиспитување на казната и воспоставување полуотворен режим поради разликите во законодавството на Италија (каде е извршено силувањето) и Бразил (каде што ја отслужува казната).
Имено, адвокатите бараат казната на Робињо да се ревидира на минимум пропишан со бразилскиот закон, а тоа е шест години полуотворен затвор. Тоа би му овозможило на Робињо да излезе од затвор.
Робињо во интервју за ТВ Рекорд изјави дека има доволно докази за да ја докаже својата невиност, што италијанскиот правосуден систем го игнорираше.
Инаку, станува збор за озлогласен бразилски затвор во кој се сместени бројни убијци, но и затвор кој се нарекува „затвор на славните“.
Во соби со различна големина има 430 затвореници, а во една може да се сместат до шест лица. Заедно со Робињо, во затворот се сместени и бројни познати личности како што се политичарот Луиз Естевао, аналитичарот Антонио Маркос Пимента и некои од најозлогласените убијци како Александре Нардони, Кристијан Кравињос и Роџер Абделмасих.
Барањето на поранешниот фудбалер за одбрана е на дневен ред на онлајн седницата на Специјалниот суд закажана за 13 март. Тогаш ќе биде објавена одлука за можно ослободување на Робињо од затвор.