Родената мајка го уценила Мбапе! Нов скандал го тресе фудбалскиот свет: Или дај им 30% од платата, или…

Едвај поминува преоден рок без Килијан Мбапе да привлече најголемо внимание , додека написите во весниците често ги пополнува неговата мајка Фајза Ламари.

Таа има огромно влијание врз нејзиниот син, а јавноста веќе многу добро знае како функционираат работите со нив.

Таа во фудбалските кругови е позната како тврд преговарач, а не е ни попустлива кон Килијан.

-Му реков дека мора да даде најмалку 30 проценти од платата, дека нема да се согласам со ништо помалку или ќе се пензионирам, ќе одам на Малдиви или некаде слично и ќе престанам да работам за него – рече Ламари на промоцијата на фондацијата „Inspired by KM“ и потоа додаде:

– На почетокот му кажав дека мора да биде 50 проценти, но разговаравме и дојдовме до 30 проценти – додаде Ламари.

Килијан Мбапе, Фајза Ламари

Инаку, со фондацијата „Инспириран од КМ“, Мбапе и неговото семејство сакаат на надарените млади да им овозможат пријатен и нормален живот, без жртви, а токму францускиот фудбалер пред неколку дена истакна колку многу му недостасува нормален живот.

– Би платил многу пари за да можам да одам во пекара да купам леб или да правам слични работи што ги прават нормалните луѓе. Ја изгубив спонтаноста, сè околу мене е обмислено – изјави Мбапе.