Родена е без нос а луѓето поради тоа луѓето ја исмевале: Девојчето поминало низ агонија, но сега е среќна (фото)

На крајот на денот најважна е поддршката и љубовта кон околината. Девојчето кое се роди без нос, иако ги доби најгрдите епитети и навреди, денеска ги надмина очекувањата на околината.

Теса Еванс (8) од Северна Ирска е родена без нос, но тоа не ја спречува да има среќно детство полно со љубов и среќа, а особено е среќна што нејзините родители се согласиле таа да биде првата личност на светот на која е инсталиран назален имплант направен со 3D технологија.

Теса Еванс

Теса е една од само 100-те луѓе во светот со синдром на микрофталмија Bosma archinia (BAM). На само две години и’ вградиле 3Д нос, а на четири години поголем назален имплант, но подоцна морал да биде отстранет поради инфекција. Нејзиниот медицински тим од Лондон денеска подготвува нов имплант за неа.

Теса следната година ќе добие нов нос, а како што вели, не може да не се стрпи бидејќи знае дека конечно ќе добие нос.

„Едвај го чекам мојот нов нос, тоа ќе ме направи навистина среќна. Првото нешто што ќе го направам со новиот нос е да ги потпирам очилата на него”, рекло девојчето, пренесува „Јумама“.

Теса Еванс

Девојчето од самото раѓање дише низ уста, иако е мала, решена е да го живее животот како и сите други.

„Сега кога влегува во соба, на сите им го подига расположението. Таа е таа што прави сите да се чувствуваат добро“, рекол нејзиниот татко Нејт, според „BrightSide“. Неговата ќерка кога ги објавија нејзините фотографии на социјалните мрежи во делот за коментари доби голем број на грди и навредливи коментари.

Од друга страна, девојката е пример дека човечкиот дух е способен да триумфира без разлика на сè.