Роденденскиот стајлинг на Ана нема да ве остави рамнодушни: Поранешната тенисерка сподели роденденска слика со сопругот (фото)

Српската поранешна тенисерка Ана Ивановиќ вчера го прослави својот 36-ти роденден. Како што обично се случува, цел ден била опкружена со семејството и драгите луѓе, а вечерта ја „зачинила“ со интимна вечера со сопругот Бастијан Швајнштајгер.

А тој и’ го честиташе роденденот на свој начин , на српски јазик, што ги воодушеви неговите следбеници на социјалните мрежи, а и’ подари и букет црвени рози. А сликата од споменатата вечера се појави на профилот на Ана.

Ана за оваа пригода се одлучи за темнозелена комбинација со должина до коленото. Фустанот беше украсен со шлиц на левата нога, што дополнително ја зголеми женственоста на Ана. Косата ја стави во пунџа, а над фустанот се одлучи за црн капут.

А нејзината посилна половина се одлучи за сиви нијанси, панталони во маслинесто боја, кошула со бели и зелени риги и крем јакна.

Не се сомневаме дека тие одлично се забавувале на среќниот ден, но каде отишле на вечера останува непознато.