Родени се со СПОЕНИ ГЛАВИ, а лекарите ВЕДНАШ ги отпишале: Рекле брзо ќе умрат, а СИЈАМСКИТЕ БЛИЗНАЧКИ ги надминале ОЧЕКУВАЊАТА
Џој и Џојс Магсино се споени близначки од Филипините, родени со споени черепи. Кога се родиле, лекарите им предвидувале дека нема да живеат подолго од 10 години.
Сијамските близнаци Џој и Џојс денеска имаат 15 години, а половина од минатата година завршија основно училиште со одлични резултати. И покрај нивната многу тешка здравствена состојба, тие водат интересен, квалитетен живот.
Нивната сестра Фатима често ги снима и тие станаа вистински ѕвезди на социјалните мрежи. Мајката Мари Магсино истакнува дека е исклучително горда на нив. Додава и дека девојките се вредни и уживаат во друштвото на своите врсници и семејството.
При раѓањето, лекарите на близнаците им дале само 10 години животен век, но сега девојчињата напредуваат и се успешни во образованието. Нивните черепи се споени, поради што можеби ќе треба да се подложат на тешка операција. Разделбата е една од можностите, но оваа исклучително ризична операција би чинела 75.000 долари. Сепак, и тогаш исходот не е сигурен.
„Кога беа помали им беше потешко, но сега можат да се грижат за себе“, вели мајката, пишува Daily Motion.
И покрај тоа што операцијата со себе носи многу ризици, девојките со нетрпение ја очекуваат можноста еден ден да бидат разделени.
„Би сакале да бидеме разделени, полесно да се движиме и да правиме работи што не можеме да ги правиме сега“, изјави Џој.