Родителите на жртвите од ,,Рибникар” револтирани поради однесувањето на мајката на момчето – убиец! Се гушкаат и плачат: Вознемирувачи сцени во Палатата на правдата

Родителите на убиените деца кои дојдоа на судењето се поздравуваат, се гушкаат и поддржуваат. Мајката на момчето-убиец, со присутен адвокат, гледаше во празно во ѕидот и вратата од судницата додека чекаше да започне судењето. Без никакви емоции.

Како што пишуваат српските медиуми, родителите на жртвите по којзнае којпат се револтирани од однесувањето на мајката на малолетниот убиец.

Да потсетиме, таткото на момчето убиец беше обвинет дека сторил кривично дело – тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи на стрелиште однел 13-годишно дете и го научил да пука, како и за несоодветно чување оружје во куќата.

Момчето кое во моментот на ова злосторство сè уште немало 14 години, а со тоа и кривично не одговара, со два пиштоли на татко му што ги зел на 1 мај ги застрелал своите пријатели.

Потоа кобниот ден ги ставил во ранецот, отишол на училиште и на првиот час уби 10 луѓе, а повредил уште пет деца и наставник по историја.