Украина тврди дека соборила руски борбен авион над источните делови на земјата

– Украина денес соопшти дека соборила борбен авион на Москва над источните региони на земјата.

Микола Олешчук, командант на Украинските воздухопловни сили, преку Телеграм соопшти дека соборениот руски авион е Сухој Су-34.

Не се објавени дополнителни информации за инцидентот, додека руските власти сѐ уште не го коментираа тврдењето на Украина.

Пред повеќе од две години, на 24 февруари 2022 година, Русија започна, како што ја нарече, „специјална воена операција“ во Украина.