Родителите на момчето-убиец сакале имотот да им го префрлат на роднини, како единствен излез за нив

Родителите на момчето-убиец од „Рибникар“, татко ценет доктор по радиологија и мајка професорка по микробиологија, трчаат по нотари и затвори и на секој начин се обидуваат да го заштитат имотот, да го префрлат на роднините, па дури и да го продадат, пишуваат српските медиуми.

Според написите, мајката на момчето убиец дала полномошно на адвокат со цел да го пренесе на роднини, додека таткото, кој е во притвор поради сомнение дека сторил кривично дело – тешки кривични дела против општо обезбедување, побарал посета од нотар.

„Мајката се појавила во неколку нотарски канцеларии, но во секоја била одбиена“, изјавил извор на Блиц близок до истрагата.

Таткото на момчето, В.К., побарал нотарот да биде донесен во притворот каде што бил сместен откако неговиот син извршил масовно убиство. Но, отуѓувањето на имотот, преносот на други лица и продажбата е забрането до понатамошно известување со одлуката на Вишиот суд во Белград.

„Адвокатот на семејството поднел барање до Вишиот суд да му забрани на таткото на момчето убиец да располага и го отуѓува недвижниот и движен имот чиј сопственик е тој, кој вклучува стан во Белград, објекти за деловна активност, и патничко моторно возило. Со оглед на тоа што таткото на момчето убиец побарал нотар за да му овозможи да располага со својот имот, тоа значи дека може да го продаде, судот донесе одлука да му го забрани тоа“, изјавил изворот за медиумот.