Роднините на загинатите во трагичната несреќа кај Ласкарце ја загубија надежта за правда

Во Ласкарце каде пред шест години во автобуската несреќа на „Дурмо турс“ трагично ги загубија животите 16 лица, а 38 други беа повредени , членовите на семејствata го посетуваат ова место секоја година во знак на сеќавање. Но, нивното барање е правда и одговорност, но правдата и отчетноста се заглавени во судовите веќе шест години. Судскиот процес сè уште нема целосен епилог.

Остатоците од свеќи на тревникот каде што се преврте автобусот на Дурмо Турс на 13 февруари 2019 година, се потврда дека уште е жив споменот на 16-те луѓе кои трагично ги загубија животите.

За ужасот од тоа попладне сведочат и овие остатоци од браникот коj отпадна од автобусот по излетувањето од автопатот Скопје-Тетово.

Покрај траумата и болката, семејствата на жртвите ја носат и тежината на бавната правда, на која добро ѝ одговара познатата максима одложена правда. Горан Давидовски во сообраќајна несреќа го загуби братот Зоран. За него е изгубена надежта за правда.

Адвокатот на дел од семејствата на жртвите Владимир Николовски вели дека се прекршени сите законски рокови, но се надева дека тоа е направено со цел да се спречи Апелациониот суд да најде причина за повторно судење на случајот. По шест години судење се сомнева во се, но нагласува дека сакаат само правда.

На 25 јануари минатата година, по петгодишно судење, скопскиот Кривичен суд ја објави пресудата за случајот со несреќата, во која беа осудени вкупно шест лица, иако никој од нив не ја призна вината. Возачот Маноил Трифуновски е осуден на 14 години затвор, додека сопственикот на фирмата „Дурмо“ Дурмиш Белули е осуден на 4 години. Управителот на фирмата Ремзи Мифтари е осуден на 6 години, а вработените во техничкиот преглед Игор Ѓеорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Бабаровски се осудени на по 5 години затвор.

Сепак, одлуката не е конечна бидејќи странките поднеле жалба до Апелациониот суд. Пресудата официјално стигна до Апелациониот суд на 22 октомври 2024 година, но во моментов е вратена во првостепениот Суд поради административни пропусти. По враќањето треба да се закаже јавна седница, а потоа да се соопшти пресудата. Невозможно е да се предвиди колку време ќе трае, имајќи предвид дека е сложен процес.