„Има интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидерите на Европската унија ќе го посетат Скопје во наредните месеци“, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставувањето на камен-темелникот на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.
„На ниво на ЕУ работиме напорно во тесна соработка со Владата на Северна Македонија за да ги надминеме сите преостанати прашања пред да ги отвориме преговорите. Има интензивна дипломатска активност за решавање на ова прашање, високи претставници на ЕУ ќе го посетат Скопје во следните два до три месеци и се надевам дека ќе успееме да продолжиме напред“, рече Рокас одговарајќи на новинарско прашање за расположението во ЕУ во врска со потпишувањето на декларација од Европскиот совет, Европската комисија или бугарската страна, наведувајќи дека вклучувањето на уставот на ЕУ ќе биде единствено кон нашиот пат кон Бугарија.
„Истовремено со работа за решавање на ова прашање, треба да продолжат напорите за спроведување на реформите вклучени во Реформската агенда, усвоена во рамките на Планот за раст за Западен Балкан“, рече Рокас.