РОМАН АБРАМОВИЌ ЦЕЛОСНО “РАЗОТКРИЕН“ – На Челзи му се заканува голема казна: Објавени тајни сметки и документи, а во се биле вмешани Срби !?
Весникот The Guardian објави информација дека поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамовиќ, со „тајни плаќања“ ги прекршил правилата за финансиски фер-плеј и дека поради тоа клубот од „Стемфорд Бриџ“ може да се соочи со голема парична казна.
Иако Роман Абрамовиќ беше принуден да го продаде Челзи во март 2022 година поради војната во Украина, клубот сега може да биде без бодови доколку се утврди дека документите се валидни.
Според нив, станува збор за десетици милиони евра кои во изминатите десет години биле префрлени на „оф-шор“ сметките на рускиот олигарх, а сето тоа било направено во корист на Челзи, па се поставува прашањето дали и тие се во податоците со кои располагал фудбалскиот клуб односно телата задолжени за следење на пари. Меѓу другото, трансакциите бележат придобивки за агентот на Еден Азар, потоа братот на Бертранд Траоре, помошниот тренер Антонио Конте и голем број функционери на Челзи… Забележано е и дека други плаќања се поврзани со трансферите на Вилијан и Самуел Ето.
Во документите кои се собрани, се појавуваат информации дека Роман Абрамовиќ во периодот од 2005 до 2017 година потрошил најмалку седум милиони евра во зделки со Зоран и Владица Лемиќ. Тие беа негови најважни советници, а се зборува дека учествувале во трансферот на Арејан Робен, Бранислав Ивановиќ, Немања Матиќ и тренерот Карло Анчелоти.
Водечките спортски адвокати изјавиле за The Guardian дека некои од плаќањата можеби ги прекршиле финансиските фер-плеј и регулативите во Премиер лигата, што секако ќе го стави клубот под лупа во наредните месеци и нема да биде изненадување доколку бидат казнети. Згора на се, Челзи потроши милијарда евра за нови фудбалери во последната година со новиот сопственик Тод Боли и дури за тоа се шпекулира дека може да бидат казнети.