Роналдо вечерва постигна гол, а му се закануваат 99 удари со камшик, поднесена е пријава?

Иранските адвокати поднесоа обвинение против познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо.

Еден од најдобрите играчи на сите времиња ја прегрна сликарката Фатима Хамами, а познато е дека во Иран гушкањето невенчана жена се смета за прељуба.

Според шпанскиот весник „Марка“, иранското правосудство наводно би можело да го казни Роналдо со 99 удари со камшик при следната посета на Иран, иако казната може да биде намалена доколку Роналдо „покаже каење“.

Иранското правосудство го поднесе обвинението откако Роналдо го посети Техеран во септември, кога тој и неговиот тим Сауди Ал-Наср играа против техеранскиот клуб Персеполис во азиската Лига на шампиони.

Во рамките на таа посета, Роналдо ја посети сликарката со хендикеп Фатима Хама, на која и подари дрес со неговиот потпис, ја прегрна и ја бакна во знак на благодарност што му подари две нејзини платна кои ги наслика со нозете.

Роналдо вечерва игра за својата земја Португалија против Словачка во квалификациите за ЕП, неговата селекција води со 2:0, а тој беше стрелец на вториот гол од пенал во 29. минута.