Роналдо влегува во филмската индустрија! Се здружи со познат режисер и се впушта во голем проект

Кристијано Роналдо ја додава филмската индустрија во своето извонредно портфолио надвор од теренот, потврди самиот португалски фудбалер на социјалните мрежи.

Фудбалерот на Саудиска Ал-Наср, кој според многумина е еден од најдобрите кои некогаш се појавиле на фудбалските терени, реши да се испроба во филмската индустрија.

Во изјавата објавена на Твитер, Роналдо најави изненадувачко партнерство со Метју Вон, познатиот британски режисер чии дела вклучуваат Layer Cake, Stardust и Kingsman.

Дуото ќе основа сопствено филмско студио наречено „УВ Марв“. Во соопштението, e рече дека дуото ќе ги здружат силите за да продуцираат три филма.

Првите две се веќе завршени, според најавата, а датумите за излегување ќе бидат објавени подоцна. Роналдо го потпиша своето соопштение со: „Наскоро доаѓа“. Наскоро треба да започне со производство и третиот дел.

Кариерата на Роналдо беше обележана со бројни големи деловни партнерства, од кои многу беа рекордни. Соработуваше со Nike, Tag Heuer, Armani и многу други компании.

Роналдо има и свој бренд „CR7“, поседува пет хотели, успешен е и на фитнес пазарот преку мрежата на спортски сали на Пиринеите. Тој исто така инвестираше пари во клиника за трансплантација на коса, инвестираше во пазарот на часовници и купи огромни акции во португалската медиумска индустрија.