Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо максимално ја користи паузата меѓу двата дела од сезоната во Саудиска Арабија, а деновиве замина на зимски одмор.
Роналдо сподели фотографии од Лапонија, финскиот регион на самиот север на Европа, каде што го слави Божиќ со своето семејство.
Посетата на Роналдо во Финска ја искористи за обиколка на природните убавини, а во таа прилика се сретна и со ирваси.
Покрај тоа, тој на една фотографија позираше гол до половината, на -8 степени Целзиусови и ги покажа мускулите, а во описот на објавата на Инстаграм им го честиташе Божиќ на неговите следбеници.
Среќен Божиќ“, напиша Роналдо.
По тринаесет кола во саудиската Премиер лига, Ал-Наср на Роналдо е на четвртата позиција на табелата со 25 бодови, дури 11 помалку од лидерот Ал-Итихад.
Сезоната во Саудиска Арабија продолжува на 9 јануари, кога Ал-Наср ќе го пречека Ал-Охдуд.