Роналдо доби статуа во Саудиска Арабија, навивачите го исмеваа поради „фризурата на Меси“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо (38) доби статуа во Саудиска Арабија неполна година по трансферот во Ал-Наср, но многу фанови го привлекоа вниманието на фризурата која потсетува на онаа на Лионел Меси.

Во Ријад во чест на Португалецот е направена восочна статуа која свечено беше откриена во музејот посветен на Роналдо.

Присутен на откривањето заедно со својот постар брат, Роналдо направи неколку фотографии со статуата, но еден детал предизвика фотографиите од статуата да предизвикаат многу полемики на социјалните мрежи.

Имено, фризурата на статутот повеќе наликува на онаа што претходно ја носеше Лионел Меси и уште сега почнаа да навлегуваат овие коментари.

„На прв поглед тој повеќе личи на Меси отколку на него.

„Статуата изгледа половина како Меси, а половина како Роналдо“,

„Мојот брат доби иста висина како Меси”

Статуата личи на Меси без брада“, беа дел од реакциите на Твитер.

Некои од нив сугерираат дека фризурата и лицето личат на Пол Дибала, додека одредени фанови тврдат дека статуата на Роналдо изгледа како легендата на НФЛ Том Брејди.

Сепак, без разлика колку статуи се направени во чест на португалската суперѕвезда, слободно може да се каже дека ниту една нема да предизвика толку критики како онаа што беше откриена на аеродромот во Мадеира во 2017 година.

Бистата не личеше на Роналдо, а 15 месеци подоцна беше заменета.