Револуцијата започна.
Фудбалот во Саудиска Арабија ќе доживее пресврт од ова лето, очигледно е дека доаѓањата на Кристијано Роналдо и Карим Бензема на Блискиот Исток беа само навестување на идните случувања.
Имено, по Бензема, соработката со Н’Голо Канте ја официјализираше и ФК Ал Итихад.
Французинот го напушти Челзи како слободен играч, бидејќи му истече договорот, а со Ал Итихад потпиша до 2027 година кога ќе заработи дури 100 милиони евра.
Годишната плата на Канте ќе биде 25 милиони, десетина повеќе отколку што имаше во Челзи.
Јасно е дека за време на „жешкото лето“ не очекуваат уште големи преселби во оваа земја.