На церемонијата на доделувањето на „Globe Soccer Awards“ во Дубаи, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо вторпат по ред е прогласен за најдобар играч на Блискиот Исток.
Пред церемонијата Роналдо зборуваше за повеќе теми. Тој го повтори својот став дека Саудиската лига е посилна од Француската лига.
- Саудиската лига е подобра од Лигата 1. Само обидете се да спринтирате на 38, 39, 40 степени и ќе видите за што зборувам. Франција го има само ПСЖ, другите се завршени – изјави Роналдо.
Тој зборуваше и за доделувањето на Златната топка, која Родри ја освои пред Винисиус Јуниор, што предизвика полемики.
- Винисиус требаше да ја добие Златната топка. Моето мислење е јасно. Тоа беше неправедно. Затоа ми се допаѓаат „Globe Soccer Awards“, што е фер – изјави Роналдо, петкратен добитник на „Златната топка“
.Инаку, Винисиус ја доби наградата „Globe Soccer Awards“ за најдобар светски фудбалер.
Покрај тоа, Роналдо уште еднаш изјави дека не се гледа себеси како менаџер на клуб, туку дека би можел „да стане сопственик на еден“.