РОНАЛДО: Саудиското првенство е подобро и поконкурентно од француската лига!

Фудбалерот на Ал Наср , Кристијано Роналдо денеска изјави дека судиското првенство во кое настапува е подобро и поконкурентно од француското првенство.

„ Да бидам искрен, не мислам дека првенството на Саудиска Арабија е полошо од француското првенство. Мислам дека е поконкурентно. Тие можат да кажат што сакаат, тоа е само мое мислење, и јас играм овде една година и јас знаете за што зборувам “, рече петкратниот добитник на Златните топки на фудбалските награди во Дубаи.

Кристијано Роналдо

Саудиска Арабија во последната година вложи многу пари во доведување квалитетни играчи, пред се од европските клубови. Роналдо минатиот јануари се пресели од Манчестер Јунајтед во Ал Наср, а во саудиската лига играат Карим Бензема, Садио Мане, Нејмар, Ријад Махрез, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Александар Митровиќ и други.

„ Мислам дека сега сме подобри од францускиот шампионат и продолжуваме да се подобруваме “, рече Роналдо.

Како што пренесува сајтот Gol, Роналдо на свеченоста добил три награди – за најдобар фудбалер на Блискиот Исток, наградата Марадона за најдобар голгетер во 2023 година и наградата на навивачот за омилениот играч.