Роналдо се пофали со своето мускулесто тело, но сите забележаа една работа.. Португалецот објави фотографија која откри сè (фото)
Еден од најдобрите светски фудбалери Кристијано Роналдо со семејството ужива на одморот, а на социјалните мрежи објави слики од одморот.
Многумина веднаш забележаа дека славниот Португалец ги има фарбано нокти на нозете, па почна дискусија зошто го прави тоа.
Иако овој бизарен тренд е популарен кај некои мажи денес, Роналдо не ги лакуеа од естетски причини, туку од практични причини.
Меѓутоа, многумина не знаеле за што се работи, па останале збунети од неговиот чин.
„Не знам зошто го прави тоа, но знам дека ММА борците ги бојат ноктите за да додадат слој на заштита“, гласи еден од коментарите под сликата.
Германските медиуми пренесуваат дека токму тоа е причината поради која Роналдо ги лакира ноктире. Билд тврди дека спортистите ги фарбаат ноктите за да стават заштитен слој на нив кој ги штити од габични и други бактериски инфекции.
“Многу врвни спортисти го прават ова со цел да ги заштитат ноктите од бактерии кога се затворени со часови во испотени чорапи и патики. Ова го прави Мајк Тајсон”, пишуваат Германците.
Поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија Андреј Арловкси го користи истиот трик, а борците нанесуваат лак за да ги стврднат ноктите. Лакот создава заштитна фолија и ги прави ноктите поотпорни на можни повреди и оштетувања при борби.