Роналдо: Среќен сум што го постигнав првиот гол во азиската Лига на шампиони

Кристијано Роналдо синоќа го постигна својот првенец во натпревар од Лигата на шампионите во Азија. Тој му помогна на својот клуб Ал-Наср да дојде до победа со 3:1 над Истиклол од Таџикистан.

Саудискиот клуб губеше до 66. минута кога Роналдо изедначи на 1:1.

– Добра игра на целиот тим! Среќен што го постигнав мојот прв гол во азиската Лига на шампиони! Продолжуваме да победуваме 💙💛! – напиша Португалецот на социјалните мрежи.

Роналдо се запиша во листата на стрелците на трет натпревар по ред. Тој за Ал-Наср има 39 поени (31 гол, 8 асистенции) на 35 натпревари.