Роџерс се враќа на клупата на Селтик

 – Шкотскиот фудбалски првак Селтик договори долгорочна соработка со англискиот стратег Брендон Роџерс и неговото назначување на тренерското место ќе биде официјализирано оваа недела, јавија британските медиуми.

Роџерс, кој го предводеше клубот од Глазгов од 2016 до 2019 година, според телевизијата Скај, потпишал долгорочен договор со Селтик.

Финансиските детали, засега, не се објавени, но според медиумите, Роџерс ќе биде најплатен тренер во историјата на Селтик.

Селтик остана без тренер по завршување на сезоната, откако Австралиецот Ангелос Постекоглу го презеде лондонски Тотенхем.