Сандра Африка проговори за кавгата со Џани поради 20.000 евра! Пејачката стави точка на пријателството со колегата: Сите нека знаат каков е тој! (фото)

Неодамна српските медиуми објавија дека Сандра Африка и Радиша Трајковиќ Џани ставиле точка на своето пријателство поради бакшиш кој заедно го добиле на свадба.

Пејачите настапуваа во дијаспората, а по настапот фолкерот не сакаше да го подели бакшишот подеднакво со пејачката.

Имено, Џани и Сандра се скарале за 20000 евра кои требало да ги поделат. Меѓутоа, проблем настанал кога Африка сфатила дека таа добила 5.000 евра, а тој 15.000.

Сега за овој настан и Африка се огласи и ја потврди вистинитоста на целата приказна.

– Не би сакал да ја продлабочувам таа приказна. Ќе бидам фер и коректна, и не зборувам за детали. Јас и Џани не сме во добри односи. Сите знаат зошто не сме добри, како и кој е Џани – рече Сандра и додаде:

– Никогаш не сум објавила ништо за некој што би можело да ја оцрни таа личност, но и јас сум без влакна на јазикот. Не земам на себе се и не сум глупава што молчам. Затоа сега ќе кажам јавно, Џани не ги подели еднакво парите кои беа заеднички. Јас сум оштетена – изјави Африка за емисијата „Ексклузив“.

Сандра во еден момент се осврна на тоа колку се скржави фудбалерите.

– Нема да ги класифицирам сите фудбалери во ист кош. Го кажувам она што го знам и што е вистинито. Не се сите скржави, но повеќето се. Пред неколку години, на една прослава во Жабљак, во клубот каде што пеев, беше и Дејан Савиќевиќ. Тој е вистински џентлмен и е галантен – изјави Сандра.