Украинскиот град Авдијивка, место каде се води жестока битка со месеци, наскоро би можело да падне под руска контрола, пишува денеска Радио Слободна Европа.
Како што пренесуваат украинските канали на апликацијата Телеграм, ситуацијата за киевските сили е се покритична, а руските трупи напредуваат. Во октомври минатата година, Русија започна офанзива против населбата, која се смета за порта кон блискиот град Доњецк, окупиран од Русија.
Русија претрпе огромни загуби, било да е тоа во војници или опрема. Се зборуваше дека руските војници се топовско месо затоа што нивните команданти ги испраќаат да загинат во бескрајни напади. Но, и покрај големите загуби, руските сили напредуваа малку по малку, а украинските канали Телеграм сега признаваат дека градот е пред паѓање, наведува РСЕ.
Телеграм каналот „Украина фајтс“ објави во неделата дека „ситуацијата во градот станала критична“, додавајќи дека руски напаѓачки авиони влегле во градот од североисток и дека руските трупи ги заобиколиле украинските борбени формации и се позиционирале во зградите.
Тоа значи дека се оддалечени неколку стотици метри од главната логистичка артерија на украинските бранители“, се вели во соопштението. „Се решава судбината на Авдијивка.
Телеграм каналот Бутусов Плус објави дека се водат улични борби во северното предградие на Авдијивка, каде се вкопани руските единици. Украинската 110. механизирана бригада и придружните единици се борат против поголем број руски војници, кои постојано се засилуваат.
На Авдијивка итно и се потребни свежи резерви и ротација на единиците на херојската 110-та бригада“, се вели во соопштението и се додава дека е потребна и муниција и дека ситуацијата е критична.