Рудигер го нарече глупак и шверцер навивачот кој на аеродром му побарал автограм

– Антонио Рудигер навреди навивач по неговото пристигнување во Франкфурт. Фудбалерот на Реал Мадрид и Германија по кратка вербална расправија го навреди човекот што му побарал неколку автограми.

-Ти не си навивач, ти си трговец, рече Рудигер.

На ова фудбалерот доби ваков одговор: „Штета што ми ставаш такви етикети. Не ме познаваш“.

Навредите од страна на фудбалерот продолжија.

– Ти си тежок тип, се плашам од тебе. Дебил, рече Рудигер.

По некое време, фудбалерот јавно се извини за својата постапка.

-Автограми и селфи за обожавателите кои прашуваат со почит и љубезно се добредојдени во секое време. Но, понекогаш работите одат предалеку. Посебно во тој момент малку ме изнервира постојаното снимање, кое го сметам за грубо. Сепак, не требаше да реагирам така и да го користам тој збор. Се извинувам!

За непристојното однесување Рудигер доби критики во германската јавност.