Рудигер му се извини на судијата на кој му фрли мраз: Нема оправдување за моето однесување

Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер јавно му се извини на судијата Рикардо де Бургос Бенгоеткеа за неговото дивјачко однесување на синоќешното Ел Класико.

Германецот беше исклучен во 120. минута од продолжението од финалето на Купот на кралот, откако фрли мраз кон судијата додека беше во техничкиот простор. На се’ претходеше ситуација кога не беше досуден прекршок против Винисиус за кој играчите на Реал веруваа дека постои.

Денеска Рудигер и’ се обрати на јавноста преку социјалните мрежи и јавно му се извини на судијата.

“Дефинитивно нема оправдување за моето однесување синоќа. Многу ми е жал поради тоа. Одигравме добро од второто полувреме, а не можев да му помогнам на мојот тим по 111 минути и пред последниот свиреж згрешив. Уште еднаш се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав синоќа”, изјави Рудигер.

https://twitter.com/ToniRuediger/status/1916418019216986384?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1916418019216986384%7Ctwgr%5Ead5d6ec5fa6d48614c82cb5dc0dd4a3f1950d947%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.klix.ba%2Fsport%2Fnogomet%2Frudiger-se-izvinio-sudiji-zbog-toga-sto-ga-je-gadao-ledom-nema-opravdanja-za-moje-ponasanje%2F250427043

Да потсетиме, Барселона го победи Реал Мадрид со 3:2 по продолженијата во спектакуларното финале на Купот на кралот, а Рудигер сега се соочува со можна суспензија од 4 до 12 натпревари, што може да влијае на неговиот настап и во финалето на Ла Лига.