Русите бесни поради моќниот украински напад, свикаа итна седница на СБ на ОН! Захарова: Тие се виновни за овој напад (видео)

Русија побара седница на Советот за безбедност на ОН поради украинскиот напад на Белгород, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Зад терористичкиот напад на Белгород стои Велика Британија, која во соработка со САД го охрабрува режимот на Киев да изврши терористички акции, сфаќајќи дека контраофанзивата на Киев не успеа. Лондон, како што неодамна изјавија украинските власти, му забрани на Киев режимот да преговара со руската страна, инсистирајќи на победа“, изјави Захарова за Спутник.

Имајќи предвид дека нема ни најмала шанса да се подобри мизерната позиција на Украинците на фронтот, Англосаксонците се префрлија на тактиката на терористички напади врз цивили, додаде Захарова.

Како што додаде таа, одговорноста за нападот е на земјите кои го снабдуваат Киев со оружје, а Киев ги гаѓа цивилите со касетна муниција.

Мисијата на Русија во Обединетите нации соопшти дека е побарано седницата да се одржи во 21:00 часот по средноевропско време.

Исто така, Мисијата побара на седницата да учествува и чешкиот амбасадор во ОН за да даде објаснување за испораката на оружје во Киев.

Претходно руското Министерство за одбрана објави дека украинските сили го гаѓаат Белгород со ракети „ољха“ и повеќецевни ракетни фрлачи „вампајер“ од чешко производство.

Во нападот загинаа 14 лица, а 108 беа ранети.