Русите го чуваа како тајна: Ова е одличен лек за мамурлук, мора да го имате во фрижидер

Меѓу луѓето и на интернет кружат многу различни рецепти за мамурлук, а ние ви пренесуваме нов кој Русите го чуваат како своја тајна.

Имено, тоа е тајна која ја откри еден од најпознатите бармени во светот Шанел Адамс. Таа откри дека киселата вода е најдобар сојузник кога станува збор за мамурлукот.

Имено, после чаша виски, се препорачува да се пие кисела вода, која во САД ја нарекуваат „pickleback“ и е куќен „специјалитет“ во многу локали.

Освен Американците, и Русите пијат течност од кисели краставички со вотка (а некои велат дека се колнат во неа како лек за мамурлак), додека во Мексико ја комбинираат со текила. На овој начин се ублажуваат ефектите од алкохолот, а некои тврдат дека таквата вода го ублажува мамурлакот.

Тоби Качини, сопственик на бар од Њујорк, во интервју за магазинот „Њујорк тајмс стајл“ го опиша своето искуство со „пиклебек“.

„Девојка од југ ме праша за една чаша вода од кисели краставички со нејзиното виски. Ме натера да пијам со неа и испив десетина таа вечер. Излечив настинка што ја имав и не бев мамурна. После тоа сите сакаа да ја пијат таа вода со виски.Тој пијалок го прослави мојот бар“, рече тој.

Покрај сето ова, сокот од кисели краставички има и други придобивки, на пример, ги убива штетните бактерии во желудникот, ги опушта мускулите и го држи нивото на шеќер под контрола. Може да биде корисен и наутро после пиење, бидејќи му помага на телото да се хидрира по дехидрација предизвикана од алкохол.