Русите денес го нападнаа Харков дури 15 пати: Најмалку шест лица загинаа, 16 се ранети (ВИДЕО)

Гувернерот на Харковската област во Украина, Олег Синегубов денеска соопшти дека во нападот на руската армија врз тој регион загинале шест лица, а 16 се ранети.

Руската армија употреби ракетни системи С-300 во овие напади, напиша Синегубов на платформата Телеграм.

Според Униан, Харков денеска бил цел на 15 напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша на платформата X дека руските сили го искористуваат недостатокот на украински системи за воздушна одбрана и нејзината способност да уништува ракетни фрлачи во близина на границата.

Зеленски додаде дека тоа не е слабост на Украина, туку на меѓународната заедница „која три години не се осмели да се справи со терористите на начин на кој тие заслужуваат“.