Руските медиуми објавија дека убиената тинејџерка се вика Ирина и дека имала 14 години.
Тинејџерка го загуби животот во напад на украинско беспилотно летало на Крим, изјави Сергеј Аксјонов, гувернер на окупираниот полуостров што го постави Русија.
Русија ја обвини Украина за нападот, додавајќи дека се оштетени четири административни згради. Аксјонов изјави дека нападот се случил во северозападниот дел на Крим и дека итните служби се на терен.
Руски медиуми: Се викаше Ирина, имаше 14 години
За жал, имаме жртви. Тинејџерка го загуби животот – рече Аксјонов и додаде:
Искрено и длабоко сочувствувам со нејзиното семејство и пријателите. На семејството ќе му биде укажана сета потребна помош.
Руските медиуми објавија дека убиената тинејџерка се вика Ирина и дека имала 14 години.
Украина се уште не одговорила на руските обвинувања.