РУСИТЕ ПАДНАЛЕ ВО ЗАМКА – Никој жив не излегол (ФОТО)

Според последниот извештај на украинските вооружени сили, Русија претрпела големи загуби во последните 24 часа.

Во извештајот се наведува дека Москва изгубила голем број војници и опрема во време кога Киев се обидува да ја поттикне својата контраофанзива чија цел е враќање на окупираните територии. Најжестоките битки се водат во Авдијивка, индустриска област во регионот на Доњецк.

Генералштабот на украинската армија соопшти дека во последните 24 часа во судирите животот го загубиле 1.330 припадници на руската армија, со што, барем според Киев, вкупниот број на жртви на руска страна е 315.620.

Понатаму се наведува дека ова е една од најголемите дневни загуби на руските сили од почетокот на војната во Украина. Досега најсмртоносен ден за Русите беше 19 октомври, кога животот го загубија 1.380 припадници на руската армија.