Русите презеле контрола на стратешко место! Украинците тврдат: За 24 часа одбиени повеќе од 50 руски напади!

Руските сили презедоа контрола врз фабрика за гуми во Маринка, изјави советникот на лидерот на самопрогласената ДПР, Денис Пушилин.

Повеќе од 50 руски напади се одбиени во последните 24 часа, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили. Русија изведе четири ракетни и 40 воздушни напади, како и 58 напади со ракетни системи, соопшти единицата која го надгледува оперативното управување со трупите на Киев.

Генералштабот додаде дека непријателот не престанува да користи терористички тактики и дека веројатноста за понатамошни ракетни и воздушни напади ќе остане висока. Главните напори на Москва се фокусирани на областите Лиман, Бахмут, Авдеевка и Маринка.

Украинската противвоздушна одбрана извршила и 12 напади врз области окупирани од руските окупатори и соборила 14 борбени беспилотни летала, тврди Генералштабот.