СДСМ:  760 милиони евра поддршка на граѓаните и компаниите

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска, заедно членката на ИО на СДСМ Мелиса Серафимовска, денеска беа рамо до рамо со граѓаните од општина Ново Село.

Лукаревска рече дека во време на најголема економска и енергетска криза СДСМ со успешни, навремени и таргетирани антикризни мерки вредни 760 милиони евра успеа да ја спаси македонската економија.

-Некои прогонзираа крах, недостаток на струја, на енергенси, рестрикции. Ништо од тоа не се случи. Со навремени антикризни мерки вредни 760 милиони евра успеавме да ја спасиме македонската економија, да ги помогне граѓаните и компаниите кога беше најтешко. Реализиравме најголем пакет антикризни мерки во регионот а тоа го потврди и Светска банка. Ги остваривме изборните ветувања и предвреме. Минималната плата ја зголемивме на 20.175 денари. Во време на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата изнесуваше едвај 8.000 денари а во некои сектори и помалку. Го исполнивме и ветувањето за просечна плата над 34.000 денари, која во време на ВМРО-ДПМНЕ беше едвај 20.000 денари. Го зголемивме и повратот на ДДВ на 2.100 денари. На секој можен начин гледаме што повеќе пари да завршат во семејните буџети. Тоа е одлика на нас, социјалдемократите.  Покажавме што значи вистинска грижа и никој не беше оставен сам во време на криза. Продолжуваме понатаму, истакна Лукаревска, пред граѓаните на Ново Село.