Русите признаа? Крим е дел од Украина

Руската амбасада во Јужна Африка објави мапа на која е прикажан илегално анектираниот полуостров Крим како дел од Украина.

Целта на објавата на сметката на амбасадата на Network X, порано позната како Твитер, беше да се промовира БРИКС како растечка организација.

Наместо тоа, од објавата се појави дека руската амбасада го признава Крим како дел од Украина, пишува Newsweek.

Објавата содржела светска мапа на која во границите на Украина се прикажани источните делови на нејзината територија за кои Русија тврди дека ги анектирала, како и Крим, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година.