Претседателот на Комитетот за одбрана и безбедност на Советот на Руската Федерација Виктор Бондарев изјави дека борбените авиони Ф-16 нема да направат разлика во корист на украинските сили.
„Главната фаза на конфликтот (самата борба) како дел од „специјалната воена операција“ се одвива на теренот (ние, се разбира, ги уништуваме воените објекти на непријателот од воздух, бидејќи нивната воздушна одбрана не е толку моќна како нашата), така што летовите на Ф-16 (за кои Украина нема доволно гориво или специјална опрема) нема да направат голема разлика“, изјави Бондарев за ТАСС.
Според Бондарев, украинската инфраструктура „не е многу погодна“ за работа на Ф-16, бидејќи голем број аеродроми, од кои таквите авиони би можеле да полетаат, се надвор од употреба.
“Второ, Украина нема обучени пилоти кои би биле способни да извршуваат борбени мисии на Ф-16. Тие ќе мора да бидат обучени, а за тоа нужно е потребно време. Стандардниот курс за основна обука трае 9 месеци и вклучува повеќе од 300 часа академска обука и повеќе од 670 часа обука за симулатори”, рече Бондерев.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави за Си-Ен-Ен дека Украина ќе добие борбени авиони Ф-16, но нивната испорака ќе трае неколку месеци.