Русите УНИШТУВААТ Украинци! Страшна експлозија во Одеса, тврдат: Гаѓале со проектил кој оди 3.000 км/ч 

Униан тврди дека Русите го ракетираат бродоградилиштето Одеса со проектил кој патувал со 3.000 км/ч.

Утринава руската армија го гаѓаше регионот Одеса и најверојатно го погоди локалното бродоградилиште со ракета „Оникс“ , пренесе украинската агенција Униан.

Ракетата „Оникс“ може да достигне брзина и до 3.000 километри на час , а Ројтерс ја пренесува изјавата на гувернерот на Одеса, Олех Кипер, дека во нападот се ранети две лица.

Според портпаролот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Јуриј Игнат, Руската Федерација би можела да употреби балистичко оружје за да го нападне регионот .

– Балистичка ракета, ако е лансирана од територијата на Крим, на пример, лета доста кратко време. Од лансирање до пристигнување, тоа е прашање на минути, разберете го тоа. Всушност, ова штотуку се случи… Беше објавено дека има експлозии, ќе чекаме извештаи од локалните власти за тоа какво оружје е употребено – рече тој, пренесе украинската новинска агенција Униан.

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко на Телеграм изјави дека врз Одеса биле истрелани шест проектили „Оникс“.

. Нападната е и фабрика за поправка на бродови во близина на Одеса – напиша тој.