РУСИЈА ВНИМАТЕЛНО СЛЕДИ! Се огласи Кремљ по одлуката на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Украина

Европскиот совет во четвртокот одлучи да ги започне преговорите со Украина и Молдавија за пристапување во ЕУ и да и додели на Грузија статус на земја кандидат за пристапување во Унијата.

Одлуката на Европската унија да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија е политичка и може да ја дестабилизира Унијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ЕУ сега минува низ не најдобри времиња во својата историја, и во однос на функционирањето и во однос на економијата. Затоа, се разбира, јасно е дека станува збор за апсолутно политизирана одлука и желбата на ЕУ на овој начин да им ја покаже поддршката на овие (две) земји изјави Песков на новинарите, пренесува Интерфакс.

Според Песков, ваквите нови членки всушност можат да ја дестабилизираат ЕУ.

 ЕУ отсекогаш имала прилично строги критериуми за пристапување. Во овој момент е очигледно дека ниту Украина ниту Молдавија не ги исполнуваат тие критериуми – изјави портпаролот на Кремљ.

Песков смета дека „преговорите за пристапување во ЕУ можат да траат со години и децении“.

Тој изјави дека Русија тоа внимателно го следи, бидејќи е на истиот континент со ЕУ.

Коментирајќи за доделувањето кандидатски статус на Грузија, тој рече дека тоа се апсолутно суверени работи на Грузија, како што е случајот со Украина и Молдавија, но дека политизацијата на овие одлуки е веднаш видлива.

Според неговото мислење, тие сакаат да покажат политичка волја, дури, можеби, на штета на многу сложената структура на ЕУ.

– За жал, секој пат кога оваа желба да се покаже таква политичка волја во голема мера се заснова на желбата дополнително да се испровоцира Русија и да се антагонизираат тие земји кон Русија– /span> – изјави портпаролот на Кремљ.

Европскиот совет во четвртокот одлучи да ги започне преговорите со Украина и Молдавија за пристапување во ЕУ и да и додели на Грузија статус на земја кандидат за пристапување во Унијата.