– Русија ги отфрли извештаите на медиумите според кои Москва и Вашингтон во април воделе тајни разговори за Украина.
Во разговор за рускиот ТВ-канал „Перви“, портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, ги демантираше информациите што кружат во американските медиуми дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров имал состанок со поранешни американски претставници за да се воспостави неформален канал за комуникација.
Таа рече дека овие лажни извештаи намерно се шират за да се посее раздор во руското општество, додавајќи дека ќе продолжи да се појавуваат такви информации.
„Оваа тема постојано ќе ‘плива’ токму за да нѐ потресе, вклучително и внатрешно, да сее сомнение за она за што зборуваме, да кажеме или покажеме дека (и покрај тоа што САД ѝ испорачуваат оружје (на Украина), Русија, наводно и под такви услови, сè уште е подготвена да води некакви полулегални преговори со нив. Тоа не е точно“, нагласи таа.
Захарова рече дека разговорот меѓу Лавров и група поранешни американски функционери на маргините на неговата посета на Обединетите нации во април бил претставен како „тајни разговори за Украина“.
Според неа, разговорот бил фокусиран на актуелната ситуација во глобалните прашања, а за украинското прашање не се разговарало.