Русија го лансира првиот сателит за сите временски услови

 – Русија денес го лансира својот сателит Кондор-ФКА, кој може да прави фотографии деноноќно на површината на Земјата во секакви временски услови, вклучително и во услови на тешки облаци.

Сателитот е лансиран од рускиот космодром „Восточни“, во далечната руска Амурска Област, со ракетата „Сојуз 2.1а“, се вели во соопштението на државната вселенска агенција „Роскосмос“.

„Одвојувањето на вселенското летало е успешно извршено. Првиот радарски сателит е лансиран во одредената орбита“, се вели во соопштението.

Кондор-ФКА е развиен од воено-индустриската корпорација Научно-производствена асоцијација за машинско инженерство.

Масата на сателитот е 1.050 килограми.